сабота, 19 октомври 2024

Ковачевски му ја дава премиерската функција на Мицкоски, ВМРО-ДПМНЕ: „Ајде на избори!“

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски оваа понуда ја дава, како што рече „во интерес на спроведување на уставните измени“. Целта, како што рече, е заеднички да ја донесат одлуката за уставните измени и да се продолжи патот за евроинтеграциите.

За Ковачевски битна е брзината на спроведување со оглед на околностите и роковите, кои се поставени и од самата Европска Унија.

Во моментов предлгогот за уставните измени е во Министерството за правда, а оттаму треба да биде доставен до Собранието. За уставни измени, ако се почне во овој момент, потребни се најмалку три и пол месеци,.

Целта на навремено спроведување на уставните измени, согласно Преговарачката рамка е забрзување на процесот на преговори, од старт затворање на две поглавја, забрзување на евроинтеграцијата, а тоа пак овозможува поврзување со европските пазари, економски раст, повеќе инвестиции, извоз, нови работни места, брифираат од Владата.

За Владата суштински е да продолжи дијалогот со опозицијата за обединување во однос на уставните измени. Владата ќе почека неколку дена ВМРО-ДПМНЕ да делегира свои претставници во работната група.

Од ВМРО-ДПМНЕ веднаш одговорија дека немаат намера да учествуваат во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, дека имале јасни позиции, од кои не отстапуваат.

„ВМРО-ДПМНЕ нема намера да учествува во лицитациите на Ковачевски, Османи и Груби, имавме јасни позиции, од тоа нема поместување. ВМРО-ДПМНЕ има премногу јасни позиции и од тоа нема поместување. Несериозно е продолжувањето со лицитации, кое само покажува дека СДС ниту биле искрени, ниту пак имаат намера да ги заштитат националните интереси, ниту пак вистинска интеграција. За нив ова е борба за функции и за преживување и одбегнување на кривично гонење. Ковачевски треба да знае дека функциите ниту му се во џеб, ниту тој е тој кој дава или зема, тоа го прави само народот на избори“, се наведува во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ