сабота, 27 јули 2024
Парламентарни избори 2024

Ковачевски: Мицкоски е новиот Груевски, а планот на ДПМНЕ е ветер во магла

Лидерот на коалицијата на СДСМ, Димитар Ковачевски од предизборниот митинг во Желино порача дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски е новиот Никола Груевски и дека неговата партија „има план кој не е план, туку тоа е ветер во магла“. На митингот во Брвеница тој ја нагласи енергетската реформа која е во изборната програма, а со која, како што нагласи, капацитетите повторно ќе им се вратат на граѓаните. На митингот во Тетово акцент беше ставен на разликите меѓу СДСМ и опозицијата.

Објавено на

часот

Сподели

„Само со ЕУ е можна реална и суштинска промена во нашето општество. Само со ЕУ можеме да ги одобриме состојбите во здравството, во судството, во образованието и заеднички да се бориме против криминалот и корупцијата. Од ова, нема откажување! И тоа е факт. Кој кажува друго, лаже“, рече Ковачевски.
„ДПМНЕ има план кој не е план, тоа е ветер во магла, а Христијан Мицкоски е новиот Никола Груевски. Исто како неговиот ментор и тој ќе го одложува патот кон ЕУ. Исто како неговиот ментор и тој ќе ја обвинува ЕУ за неговите неуспеси. Верувајте, исто како Груевски и Мицкоски ќе ни изгуби уште 11 години од нашите животи, од животите на нашите деца, на нашите внуци. Време кое едноставно, веќе го немаме за губење“, рече Ковачевски, додавајќи дека бадијала Мицкоски на цел глас повикува за некакво национално единство, за некакви мораториуми, но за жал, како што додаде, мораториумите постојат само во главата на Мицкоски и неговите најблиски поддржувачи.
Тој наглси дека не е потребно национално единство за мораториум, туку национално единство на патот кон ЕУ и на патот кон сигурната и безбедна иднина на нашата држава.
„Одлуката денес е многу едноставна. На овие избори одлучуваме помеѓу надеж и безнадежност. Одлучуваме помеѓу заглавување во минатото со ВМРО-ДПМНЕ и неоткажување од иднината со СДСМ. Изборот на 8 мај е јасен – или враќање назад кон минатото со ВМРО-ДПМНЕ или напред со нас, со мене, со СДСМ, со Коалицијата за европска иднина, со нашиот претседател Стево Пендаровски“, порача претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски од предизборниот митинг на СДСМ и Коалицијата во Желино.
На митинг во Брвеница лидерот на СДСМ акцент стави на енергетската реформа од изборната програма со која, како што нагласи, енергетските капацитети се враќаат кај граѓаните и компаниите ќе се поделат еднакво на граѓаните.
„Секој граѓанин, вклучително и децата, ќе добие по најмалку 8.000 денари од вредноста на енергетските компании или 500 евра за едно четиричлено семејство“, порача Ковачевски.
Коалицијата на СДСМ одржа веќерва предизборен митинг и во Тетово.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ