сабота, 27 јули 2024
Премиерот за дилемите кој треба да номинира претседател на Влада

Ковачевски: Мандатот и за технички премиер го доделува претседателот на коалицијата која има 61 пратеник

На прашањето зошто технички премиер ќе биде Талат Џафери од ДУИ, односно од владејачката коалиција, кога во Законот за влада пишува дека техничкиот премиер го номинира партијата со најголем број пратеници што го формира владиното мнозинство, што во случајот е СДСМ, премиерот Димитар Ковачевски вели дека не се крши законот бидејќи мандатот во секој случај го доделујва претседателот на државата на коалицијата која во Собранието има најмалку 61 пратеник. 

Објавено на

часот

Сподели

„Прво, не се крши законот, затоа што и денес и претходната влада е коалициска влада и ако го погледнете мандатот којшто го доделува претседателот на државата тој го доделува на коалиција која што има најмалку 61 пратеник во Собранието. Така се доделува мандатот, на оние кои што имаат 61 пратеник. И така се доделуваат мандатите, така што со тоа ништо не се крши. Се што е предвидено е предвидено во законот. Со закон нема импровизација. Претходното прашање беше владеење на право и почитување на закон. Не може едни закони да бараме да се почитуваат, а други закони да видиме што да правиме ако не се почитуваат. Законите постојат за да се почитуваат“, рече Ковачевски. 

д

Инаку, членот на раководството на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев синоќа преку Фејсбук реагираше дека практично, техничкиот премиер треба да го номинира ВМРО-ДПМНЕ.

„Техничка влада за организација и спроведување на изборите е регулирана во глава XIII од Законот за влада на Република Македонија…Главата XIII започнува со член 43 кој Ковачевски ‘го игнорира’. Во членот 43 е наведено: ‘Сто дена пред одржување на избори за пратеници, а по претходна оставка на претседателот на Владата, Собранието ќе избере нова, преодна Влада за спроведување на избори на пратеници, предводена од нов претседател на Влада кој го номинира партијата со најголем број на пратеници во Собранието’. Ковачевски, која е партијата со најголем број пратеници во Собранието?“, напиша Јанушев.

д

Денеска премиерот Димитар Ковачевски уште еднаш нагласи дека е обврска на сите политички партии да учествуваат во влада која треба на техничко ниво да ги спроведе изборите, посочувајќи дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што ќе работи 100 дена. 

„Техничката влада е законска обврска, исто како што е за мене законска обврска на 100 дена пред влада да поднесам оставка со што целата влада е практично во оставка. Обврска е на сите политички партии да учествуваат во влада која што треба на техничко ниво да ги спроведе изборите. Со тоа ќе имаме демократски процес на којшто нема да има ниту една дамка и сметам дека сите партии согласно законот треба да ги делегираат своите претставници во техничката влада која што работи 100 дена“, нагласи Ковачевски одговарајки на новинарско прашање што доколку ВМРО-ДПМНЕ одлучи да ја бојкотира техничката Влада на конференцијата „Транспарентност и отчетност: Совршен пар за враќање на довербата во јавните институции“.  

д

Преодната или техничка влада за организирање на парламентарните избори на 8 мај 2024 година, треба да се гласа на 28 јануари. Засега е познато дека за премиер на техничката влада ќе биде номиниран актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери, додека на местото претседател на Собранието ќе застане Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ