сабота, 26 октомври 2024
Интитутот за македонски јазик одбележува 70 години постоење

Ковачевски: Македонскиот јазик е македонски јазик и во Преговарачката рамка

Објавено на

часот

Сподели

Одговорајќи на новинарски прашања, Ковачевски уште еднаш напомена дека македонскиот јазик е македонски јазик во Преговарачката рамка.

„Македонскиот јазик е јасно напишан во Договорот со Фронтекс и тоа беше еден од условите во преговорите, стои заедно со сите други јазици на ЕУ, без никакви додатни фусноти и дообјаснувања, а овој Договор е одобрен од сите земји членки, вклучително и Бугарија и Грција. Тоа значи дека и кога ќе одите во Брисел, македонскиот јазик јасно стои испишан на преведувачките кабини, целото ЕУ законодавство се преведува на македонски и билатералниот скрининг се одвива на македонски јазик, зашто нашите тимови во најголем дел го користат македонскиот јазик. Ова значи афирмирање и потврдување на македонскиот јазик како дел од ЕУ. Тоа го потврдуваат и земји членки на ЕУ преку нивни резолуции како што направи Бундестагот кој јасно ја потврди својата поддршка и признавање на македонскиот јазик, култура и идентитет и даде поддршка за зачленување на Северна Македонија во ЕУ каде македонскиот јазик, култура и идентитет ќе бидат дел од мозаикот на европскиот идентитет и со тоа, не постои поголема потврда и поголем доказ дека македонскиот јазик веќе, со одлуките што ги донесовме минатата година, е дел од европските јазици, односно јазиците на ЕУ“, подвлече Ковачевски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ