сабота, 27 јули 2024
СДСМ

Ковачевски: Ќе посетиме 946 населени места, предвремени избори нема да има

Објавено на

часот

Сподели

„Избори ќе има во 2024 година. На тие избори, прво на претседателските, ќе победи кандидатот предложен од СДСМ, а потоа, на парламентарните избори ќе победи Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и заедно со коалицијата ќе формира влада со која ќе влеземе во Европската Унија“, рече Ковачевски.

Ковачевски на прес-конференцијата најави целосна мобилизација на општеството за, како што рече, нова победа на државава, најавувајќи теренски активности на партијата.

„СДСМ од денеска е на терен. Рамо до рамо со граѓаните, започнуваме со интензивни теренски активности. Во секое населено место, во секоја уличка, во секоја куќа, зграда, маало, урбана заедница, таму каде што ни е местото, меѓу народот, заедно со граѓаните. Секој ден ќе бидеме рамо до рамо со народот, заради подобра на татковината, а не заради тоа што наредната година има избори“, рече Ковачевски. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ