Премиерот оцени дека силното партнерство со Америка се гледа и во економијата.
„Трговската размена со САД лани изнесувала четврт милијарда долари. Во моментов имаме 12 големи американски компании што доаѓаат и од САД, меѓутоа и од Канада, од северноамериканскиот континент. Повеќето компании се од автомобилската индустрија, но дел влегуваат и во енергетиката и електрониката, тука ги имаме Леар, Дура, Адиент, но морам да ги посочам и Бехтел и Енка кои ќе работат на најголемиот инфраструктурен проект во историјата на нашата држава, исто така морам да го споменам Јагео, еден од најголемите светски производители на чипови, односно Кеме со кого работат во партнерство како најскоро позната инвестиција кои ќе придонесат сериозно за раст и развој на македонската економија и нешто што беше незамисливо до пред извесно време денес станува реалност, односно во нашата држава ќе се произведуваат компјутерски чипови за автомобилска, авионската и медицинската индустрија“, рече Ковачевски.
Премиерот рече дека на разговорите во Вашингтон и на денешната средба, од сенаторот Марфи добил уверување дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Македонија во сите аспирации, а особено кон пристапувањето во ЕУ.
„Тоа е комплементарно на нашето стратешко партнерство и меѓусебната поддршка што си ја даваме низ веќе долг и значаен период од првиот ден од нашето осамостојување“, рече премиерот Димитар Ковачевски.