сабота, 25 мај 2024
Парламентарни избори 2024

Ковачевски: Како единствен наследник на НОБ, не се откажуваме, одиме на победа

„СДСМ е партија која е единствен наследник на НОБ. СДСМ е партија која е изградена на основите на крушевскиот манифест на АСНОМ, на победата над фашизмот. СДСМ е партија која ја внесе Македонија во ОН, на чело со Киро Глигоров. Оваа партија е фундаментот на независна Република Македонија.Оваа партија, заедно со вас граѓаните, успеа да сруши режим и да ја ослободи државата после 11 години изолација и злоупотреби од ВМРО – ДПМНЕ.Никогаш нема да се откажеме од нашите социјал-демократски вредности“, рече Ковачевски и нагласи дека на двојните избори одат на победа.

Објавено на

часот

Сподели

„СДСМ е единствената политичка сила која има моќ, знаење, упорност и посветеност да ја внесе државата во ЕУ, затоа не се откажуваме и знаеме дека граѓаните ќе нè поддржат на 8-ми мај за заедно обезбедиме сигурна и просперитетна иднина за државата“, порача претседателот на СДСМ и носител во ИЕ 1, Димитар Ковачевски, на вечерашниот митинг во општина Центар.
На политичките противници им испрати порака да не гаjат илузии дека СДСМ лесно ќе се откаже од борбата за парламентарните и вториот круг од претседателските избори. Ковачевски порача дека историјата и традицијата на СДСМ, но одлучност за европска иднина на Македонија се најдобар доказ дека ние никогаш не се откажуваме, рече Ковачевски и додаде дека СДСМ е партија која е единствен наследник на НОБ,  изградена на основите на крушевскиот манифест на АСНОМ, на победата над фашизмот.
Ковачевски потенцираше дека тој и другите членови на раководството на СДСМ ја разбираат и прифаќаат пораката на граѓаните од гласањето во средата. Сепак, порача дека конечниот изборен резултат сè уште не е одлучен.
„Изборите на 8-ми мај ќе бидат тешки. Ние сме ја имале вашата поддршка особно во Центар, кога било најтешко. Кога режимот на Груевски, менторот на Мицкоски, носеше луѓе од Пустец, гаснеше струја, расипуваше лифтови, заплашуваше само за да не дозволат СДСМ да ја добие локалната власт во Центар. Но, не успеаја. Затоа што и тогаш заедно со коалиционите партнери тука присутни денес сите, покажавте истрајност и покажавте упорност и непоколебливост. Затоа, ве повикувам, пред да гласате на 8-ми мај, убаво да размислите кој го заслужува вашиот глас, бидејќи тоа е највредниот демократски инструмент во рацете на граѓаните“, рече Ковачевски.
„Ако десничарска партија добие преголема моќ, може да се соочиме со она што го гледавме 11 години. Тоа ќе стави прво крај на нашите ЕУ перспективи, крај на независните медиуми и на независното судство. Ќе стави крај и на добрите меѓуетнички односи. Ќе стави крај на една демократска држава во која денес секој може слободно да го каже своето мислење“, рече лидерот на СДСМ.
Зборувајќи за концептот на едно општество за сите, потпретседателот на СДСМ, Фатмир Битиќи истакна дека од уштинската вредност е граѓаните да го отфрлат национализмот, затоа што тој е наметнат избор.
„Ве повикувам заеднички да го отфрлиме национализмот кој е надвиснат над Македонија, да кажеме НЕ на ксенофобијата, да се ослободиме од стравовите и да го прифатиме единството, единството во различностите бидејќи таму лежи нашата сила. Верувам во вас, во граѓаните, верувам дека тоа ќе го препознаете, дека ќе ги отфрлите политиките  кои ви се наметнуваат од елити кои  немаат што да ви понудат освен да ве туркаат кон минатото и поделбите“, рече Битиќи и порача дека  Македонија не е само ВМРО-ДПМНЕ, Македонија е многу повеќе, таа е на сите, на Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Бошњаци, Власи.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ