сабота, 27 јули 2024

Ковачевски и Спасовски побарале апанажа и добиле – 12 месеци по 2.500 евра

Функционерското право на апанажа од февруари го користат поранешниот премиер Димитар Ковачевски и ексминистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Откако не останаа членови на техничката влада, тие во наредните 12 месеци ќе ја добиваат истата плата како и досега – по околу 2.500 евра. Собраниската Комисија за избори и именување во Собранието ги прифати барањата на Ковачевски и на Спасовски.

Објавено на

часот

Сподели

Покрај правото на апанажа, Ковачевски побарал и добил право на користење службено возило, кое му следува во согласност со Законот за возила.

Освен експремиерот и поранешниот министер за внатрешни работи, апанажа ќе добиваат и Весна Бендевска  и Исмаљ Камбери од Комисијата за заштита од дискриминација.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ