Ковачевски oд собраниска говорница за Ковачки изјавил, а истото било објавено и како партиско соопштение на СДСМ: „Му биле симнати еполетите од униформата“, „за пари работи против својата држава“, „за интереси на странски и други домашни бизнис-разузнавачки структури и тргува со интерни и странски структури“, „човек кој што крадел документи и издавал информации додека бил во АРМ“.
„Но, судот не го осуди Ковачевски затоа што истиот имал имунитет исто како и пратениците. Оттука, се поставува прашањето, како е можно во иста држава, со исти закони за сите, за премиерот да важи имунитетот, а за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ како колегата Бране Петрушевски да не важи имунитетот и истиот да биде осуден?
Ковачевски е човек што свесно клеветел и лажел за да нанесе штета, но за истото не е подготвен да понесе одговорност и затоа се крие позади имунитетот.
Погледнете каква немоќ е на чело на македонската Влада! Во 2001 се криеше под јорган, после тоа се криеше позади женска сукња, а сега се крие позади имунитет. Држава ќе водел и ќе барал мандат. Дно!
Згора на тоа, ај што свесно клеветел и измислувал за да девалвира, ај што треба да ги платам судските трошоци затоа што, повторувам – ‘херојот’ повторно избега, а барал и 48.000 денари оштета. Неверојатно“, пишува Ковачки на својот фејсбук-профил.