сабота, 26 октомври 2024
Продолжува сагата за уставните измени

Ковачевски: Ги исполнивме сите услови на Мицкоски притисоци врз пратеници нема

Објавено на

часот

Сподели

„Сакам да демантирам било каков притисок кон било кој пратеник во Собранието, од било која политичка партија. Тоа ниту се случило, ниту се случува, ниту ќе се случи. Бевте сведоци на гласањето на францускиот предлог минатата година, кога и пратениците од мојата политичка партија беа слободни да гласаат така како што сметаат дека треба да гласаат. Предлогот беше донесен со 61 глас ‘за’ и ниту еден глас ‘против’. Бидејќи овие што беа против не влегоа да гласаат против, туку излегоа надвор. ВМРО-ДПМНЕ не гласа против, тие зборуваат против и излегуваат надвор, за да не им замери некој од странство. Бидејќи реториката на ВМРО-ДПМНЕ во јавноста и пред странските претставништва е тотално различна. Тие ќе тропаат, палат, а кога треба да се гласа – се излегува надвор“, рече Ковачевски.

Тој смета дека на ВМРО-ДПМНЕ им се исполнети сите услови за да поддржат уставни измени.

„Платформата за заеднички разговор која беше договорена на лидерската средба, бидејќи сите услови на лидерската средба беа испочитувани, бидејќи таму Христијан Мицкоски кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нема проблем со промена на Уставот и внесување на бугарскиот народ, изрази желба да биде дел од Влада – јас понудив братски, половина со половина министерски места. Бараше ДУИ да не биде дел од Влада, тоа беше прифатено. И Алијанса и БЕСА рекоа дека нема да бидат, а тоа значи на ВМРО-ДПМНЕ му се ослободуваат уште министерски места“, додаде Ковачевски.

Прашан дали амандманите за измените на Уставот ќе се најдат на денешната владина седница, Ковачевски рече дека се уште не се изготвени. Тој го демантираше министерот за правда Кренар Лога дека денеска на владина седница ќе бидат разгледани а потоа и усвоени предлогуставните измени.

„Денеска нема да бидат на седница на Влада. Кога ќе ги средат службите ќе бидат ставени на дневен ред.“, додаде Ковачевски.

Во врска со ијзавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека дека промените на македонскиот Устав со кои ќе се вметнат Бугарите во Преамбулата нема да бидат параван зад кој ќе се сокријат интимни сцени меѓу партиите во македонското Собрание и недостатокот на реформи во земјата, Ковачевски рече дека Радев треба повеќе да се занимава со реформите во неговата држава.

„Не сум ја видел изјавата и не би имал што да коментирам. Северна Макдонија има многу јасни позиции во рамки не само на ЕУ, туку и во НАТО. Ние сме држава која 100 проценти ја има усогласено својата надворешна политика со ЕУ, земја која рамноправно со другите држави носи одлуки во НАТО, вклучително и заедно со Бугарија. Ние, точно, секоја година имаме европски извштаи за напредокот на реформите, сметам дека претседателот на соседна дрежава треба да се занимава со реформите во неговата држава повеќе“, истакна Ковачевски, одговорајќи на новинарски прашања по обраќањето на јубилејот 70 години од основањето на Институт за македонски јазик „Крсте Мисирков” и 120 години од објавувањето на книгата „За македонцките работи”.

А македонскиот претседател Стево Пендаровски во интервју за Фактор изјави дека бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна.

„Опозицијата направи промена од 180 степени во однос на сопствените тврдења во изминатите месеци и на лидерската средба од нивна страна не беше спомнат бугарскиот диктат, ниту дека овој парламентарен состав нема мандат за уставни промени и ако продолжат да се држат до овој нов пристап, без споменување на небулозните тврдења дека само како Бугари можеме да влеземе во ЕУ, тогаш бројката од 80 пратеници за усвојување на уставните измени не е недостижна“, вели претседателот Стево Пендаровски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ