среда, 30 октомври 2024
За или против коалицирање?

Ковачевски бара од МВР ефикасност по заканите врз Таравари, а тој да одлучи дали е за Запад или за Исток

Дали СДСМ и ДУИ ќе имаат заеднички листи на изборите, лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски вели дека сѐ уште се анализира, но потенцира дека со таа партија и нивниот лидер имаат донесено мудри и државнички одлуки. Како лидер на СДСМ, Ковачевски бара полицијата, сега раководена од технички премиер на ВМРО-ДПМНЕ, ригорозно да интервенира и да пронајде кој му се заканил на лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари, оставајќи му куршум пред домот. На Алијанса е да реши дали ќе оди кон Исток или кон Запад со нас, вели Ковачевски.

Објавено на

часот

Сподели

Ковачески вели дека со ДУИ се водат разговори за дали ќе настапат со заеднички листи, а одлуката ќе зависи од анализите кои се прават како и од одлуките на органите на сите партии.

„Со Ахмети имавме состанок пред извесно време на кој разговаравме за настапот на изборите. Ние секако сме во коалиција, а донесовме заедно многу важни одлуки за државата. Ги покренавме процесите на евроантлантски интеграции кои се врвен приоритет на граѓаните, бидејќи тие обезбедуваат подобра иднина, подобар животен стандард, подобра економија, владеење на демократија, подобро владеење на правото и сметам дека тие разговори ќе продолжат бидејќи не се финализирани во однос на тоа кој како ќе настапи на изборите“, додаде Ковачевски.

Прашан за случајот со заканата кон лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари пред чиј дом утрово бил оставен куршум од калашников, Ковачевски побара ригорозност од МВР.

„Секако дека ме загрижува ова. Се информирав дека МВР веќе има интервенирано во делот на тепачката која што се има случено вчера во Тетово, каде што е нападнат директор на владина институција од страна на лице кое што е идентификувано со име и презиме. Сметам дека МВР то.а треба да го заврши. И доколку и оваа информација која што сега ја споделивте е точна, тогаш треба на ист начин ригорозно да се интервенира“, рече Ковачевски.

На новинарско прашање дали по турбуленциите во Алијанса за Албанците викендов, смета дека оваа партија е поблиску или подалеку од Европскиот фронт, лидерот на СДСМ одговори:

„Секоја политичка партија ги бира своите коалициски партнери согласно вредностите кои ги дели. На изборите во 2024 година ќе имаме два блока на политички партии, едниот кој ќе биде за европски интеграции и другиот кој ќе биде за изолација. Едниот блок кој ќе биде за Северна Македонија членка на ЕУ, дел од Западна Европа, а вториот блок, со нејасна алтернатива и необјаснета од никого, која што ќе гледа повеќе на Исток отколку на Запад. На Алијанса е да одлучи дали ќе оди на Запад или ќе оди на Исток, дали ќе оди за Европа или ќе оди за некакви недефинирани алтернативи коишто никој не ги објаснува. Тоа е сепак нивна одлука“.

Прашан до каде е постапката за избор на претседателскиот кандидат, тој рече дека е во тек, односно заврши предлагањето во месните организации, а сега како што рече, општинските организации треба да го дадат својот збор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ