недела, 12 јануари 2025

Ковачевски: Ако сум јас на црната листа на САД, веднаш ќе поднесам оставка

Објавено на

часот

Сподели

Ковачевски вели дека досега на оваа тема не разговарал со Али Ахмети, лидерот на коалицискиот партнер на СДСМ, ДУИ.

Ова потврди дека не можете да генерализирате дека не функционира цел еден систем или организација. Секоја институција е составена од поединци. Од основите за црна листа, институциите ќе лоцираат индивидувална одговорност кај други. Ако министер се најде на црна листа на нашиот најголем стратешки партнер, истиот тој министер ќе биде разрешен од моја страна. Сите индивидуални лица кои се избрани од граѓаните, ќе мора да ги прашате нив. Мендух Тачи оди на избори и тој станал пратеник на гласање во 6-та изборна единица. Морате да го прашате него за тој негов статус бидејќи тој со тоа што е ставен на црна листа, со тоа својство отишол на избори, кажа Ковачевски како одговор на новинарско прашање за лидерот на ДПА, кој од поодамна е на црната американска листа.

На листата на санкции на Одделот за финансии на САД, покрај Тачи се наоѓаат и Љубе Бошковски, Џеват Адеми, Кастриот Хаџиреџа, Невзат Халили, Гафур Адили, Нури Беџети, Џавит Хасани, Џезаир Шаќири, Даут Реџепи и Џемаил Хисени. Американското министерство за финансии минатата година ја прошири црната листа, на која се најдоа и имињата на поранешниот премиер во бегство, Никола Груевски и поранешниот прв човек на тајната полиција, Сашо Мијалков.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ