сабота, 27 јули 2024
Прес-конференција на СДСМ

Костовски: Момент за вистината за Мицкоски – дали е за ЕУ или си останува со Левица

Објавено на

часот

Сподели

Костовски рече дека пред земјата и целиот народ е исправена одлука која дава шанса да се продолжиме европскиот пат и да се обезбеди европската иднина имајќи предвид, како што нагласи, дека скрининг процесот успешно се спроведува и дека наскоро ќе заврши.

„Успеавме македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата. Време е за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување на уште една стратешка цел: членство во ЕУ! Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш-засекогаш. Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Проевропски блок за европска иднина или анти-европски блок за изолација.

Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил. Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левица во анти европскиот блок. На лидерска средба се оди со став. Пред Мицкоски е моментот на вистината. Затоа, го повикуваме да не врти од околку, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил: ЕУ или Левица?“, рече Костовски.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ