вторник, 21 мај 2024

Костовски: Договорите на дело за здравствените работници се криминални договори

Повисоки плати, бенефициран стаж, инфективен додаток за сите без разлика кој на кое работно место е, промена на колективни договори, побараа денеска здравствените работници од ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина 13 Ноември во Скопје.

Фото: социјални мрежи

Објавено на

часот

Сподели

Лазо Костовски, претседател на Независниот синдикат на геријатрија изјави дека ниедна Влада немала слух за здравството.

„Не само оваа Влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Основните барања се покачување на платите, линеарно за сите вработени, сакаме да се променат колективните договори. Особено Општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што усогласување на минималната плата со колективниот договор и законот за минимална плата, не е усогласено. Треба да се направат измени и во Законот за минимална плата и во Општиот колективен договор. Договорците на дело, тие во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата, тие се криминални договори“, рече Костовски меѓу другото.

Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ