Лазо Костовски, претседател на Независниот синдикат на геријатрија изјави дека ниедна Влада немала слух за здравството.
„Не само оваа Влада, туку и наназад. Здравството пропаѓа, тоне. Основните барања се покачување на платите, линеарно за сите вработени, сакаме да се променат колективните договори. Особено Општиот колективен договор, воопшто не е добар. Затоа што усогласување на минималната плата со колективниот договор и законот за минимална плата, не е усогласено. Треба да се направат измени и во Законот за минимална плата и во Општиот колективен договор. Договорците на дело, тие во овој момент страдаат повеќе затоа што доаѓаат на работа и саботи и недели и празници, работат за 20.175 денари, колку што е минималната плата, тие се криминални договори“, рече Костовски меѓу другото.
Тој кажа дека условите за работа се катастрофални во некои здравствени установи, а апелираше и да се распишат огласи за нови вработувања.