сабота, 19 октомври 2024

КОСТАЛ Македонија најави дека ќе произведува полначи за електрични и хибрид возила

Објавено на

часот

Сподели

„Заедно со претходните две фази, вкупните реализирани инвестиции на компанијата во Македонија ќе достигнат 150 милиони евра. Бројот на нови работни места кои ќе бидат дополнително креирани за овој инвестициски циклус ќе биде над 300 лица“, соопшти владината прес-служба.

Премиерот Ковачевски, се додава во соопштението, ја поздрави новата инвестиција на КОСТАЛ Македонија, потенцирајќи дека проширувањето на инвестицијата на оваа, како и на другите компании основани од странски инвеститори во земјава е показател за добрите политики на Владата за создавање поволен и предвидлив амбиент за инвестирање.

Директорот на КОСТАЛ Македонија, Виктор Мизо информираше дека досега компанијата има вложено над 100 милиони евра во фабриката во Охрид, а планот е да се започне со производство со воведување на најновите САЦ (Smart Actuator Charging) технологии и системи за полнење од групацијата Фолксваген, кои ќе бидат вградени во најновите модели на: фолксваген, шкода, сеат, ауди и порше.

„КОСТАЛ Македонија ќе стане единствена глобална локација каде ќе се произведуваат овие системи за енергетска електроника, без разлика на тоа каде крајно се склопуваат автомобилите“, велат од Владата.

На средбата, директорот Мизо ја нагласи важноста на државната помош која „КОСТАЛ Македонија“ ја користи од првиот ден на своето постоење, и до сега има добиено финансиска помош во износ од 12,5 милиони евра, а во моментов во компанијата работат 1.020 вработени со просечна плата далеку над просекот во државата.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ