понеделник, 21 октомври 2024
Обвинувањата продолжуваат

Бисера Антоанета со народни пари купила карти за Дубаи од 3.000 евра ама не заминала, вели Лефков

„Кога требала да замине на пат, таа не заминала и до последен момент не ги откажувала картите, по што парите пропаднале. Потоа ваквите фактури ги однела во Министерството за култура со цел да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци“, обвини пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Објавено на

часот

Сподели

Пратеникот од редовите на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков, и денеска на прес-конференција продолжи со низата обвинувања за поранешната министерка за култура и сегашен пратеник од редовите на СДСМ, Бисера Костадиновска-Стојчевска, за наводно трошење државни пари и злоупотреби додека таа била на функција.

Лефков денеска објави дека на 5 февруари 2022 година Костадиновска-Стојчевска со службена картичка купила три авионски билети за Дубаи во износ од околу 3.000 евра. Кога таа требало да замине на пат, не заминала, вели Лефков, и притоа не ги откажала картите по што пропаднале парите. Потоа, како што обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ, таа ги однела фактурите во Министерството за култура за да го оправда трошењето како репрезентации и патни трошоци.

„Нејасно е ниту што точно требала Бисера Антоанета да прави во Дубаи и кои се последиците од непосетата? Или, пак, станува збор за желба за приватно шетање на државен трошок? 3.000 евра се пари со кои граѓаните живеат речиси цела година, а Антоанета ги трошела како да се 5 денари“,рече Лефков.

Претходно од ВМРО-ДПМНЕ ја обвинија поранешната министерка за култура дека во Лондон со државни пари купувала куфери, подароци и чорапи, како и дека со службената картичка во Виена за четири дена потрошила над три илјади евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ