понеделник, 21 октомври 2024
Прес-конференција на поранешната министерка

Костадиновска-Стојчевска: Нека дојде Лефков со својата копија, пред камери ќе ја „чешламе“ службената картичка

Поранешната министерка за култура од редовите на СДСМ, Бисера Костадиновска Стојчевска го повика пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков да дојде со копијата од сметките направени со нејзината службена картичка и пред медиуми заедно да го прочешлаат „изводот“ од нејзината службена сметка  Изнесени се лаги од ВМРО-Фалсификаторска, нема трошоци за лични потреби, нагласи Костадиновска Стојчевска.

Објавено на

часот

Сподели

Од ВМРО-ДПМНЕ најавија серијал за мене, затоа денеска држам прес конференција за да кажам дека станува збор за лаги со кои сакаат да го извалкаат мојот двегодишен мандат како министерка, рече Костадиновска Стојчевска.

„Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување по летот на кој авио компанијата ми го загуби багажот. И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина“, рече Костадиновска – Стојчевска.

Таа нагласи дека во ВМРО-ДПМНЕ се мајстори за изнесување лаги и го повика пратеникот Лефков да дојде со копија од нејзината службена картичка.

„Ќе чешламе трошок по трошок во време и пред медиум кои тој ќе ги избере. Јас стојам на располагање. Ако има криминал во моето работење нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа, и ќе се појавам пред кој сакаат судија. Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО – Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ.

Јас сум жена, политичар и човек кој мрази лаги – затоа секогаш реагирам веднаш и со вистината. Одвратно е ова што го прават, ама нема да паднам на нивното ниво. Тие нека продолжат со лаги, а јас со вистината“. рече поранешната министерка.

Таа додаде дека од партијата на власт бараа начин како да ја оцрнат, нив, рече, не им се допадна извештајот од Државниот завод за ревизија за нејзиното работење.

„Не им се допадна тоа што никој не може да го ‘стигне’ трошењето на Бети, па нејзините две другарки денови поминале на гугл да наоѓаат места низ светот и да фалсификуваат сметки. Дали ова е страв од тоа што предметот за нивната омилена министерка уште не е затворен, па ги фатило паника кога пред неколку дена добиле барање од ОЈО да ги предадат извештаите од нејзините три службени картички? Дали им е страв дека ќе се види таму вистинскиот шопинг од 30.000 евра во Италија?“, нагласи Костадиновска Стојчевска.

На крајот таа категорично порача:

„Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка. А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ