среда, 26 март 2025

Костадинов: Систематско уривање на дигнитетот на Општина Струмица од Владата

Во екот на огромна тага и жалост, договорките Влада ВМРО-ДПМНЕ-ЕВН за системски обид за уривање на дигнитетот, авторитетот на општинските јавни претпријатија, денеска за долг од 2.000.000 денари верувале или не, ја исклучија струјата на ЈСП Струмица транспорт. Во превод, немањето разбирање дека нашата влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, за инает не само мене, туку и на цела Струмица ни должи 69.000.000 денари по основ поврат на ДДВ, доведува до ситуација Владата да го блокира општинскиот превоз за учениците, напиша на Х струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов.

Објавено на

часот

Сподели

„Овој срам во ова тешко време нема да дозволам да ѝ го правите на Струмица. Системот и монополите ќе паднат“, напиша Костадинов на Х.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ