вторник, 22 октомври 2024

Косовското Претседателство бара македонското МВР да се извини

Претседателството на Косово соопшти дека македонското МВР треба да се извини, а не да го оправдува барањето на аеродромското обезбедување да го земе и скенира личниот телефон на претседателката на Косово. Претседателката со право одбила да го предаде телефонот, според советите од безбедносните институции, се вели во реакцијата на Претседателството на Република Косово по соопштението на МВР за вчерашниот инцидент на скопскиот аеродром.

Објавено на

часот

Сподели

Според косовското претседателство, наредбата за ваква контрола, која ѝ била направена на Османи, ја дало Министерството за внатрешни работи на Македонија.

„Всушност, скопскиот аеродром, како и самото Министерство за внатрешни работи на Македонија, признаа дека наредбата е дадена од Министерството за внатрешни работи на Северна Македонија за таква контрола, што целосно е во спротивност со правилата за однесување со шефовите на држава според дипломатските практики“, се вели во реакцијата и се додава дека не е точно дека Османи не се согласила да ѝ ја скенираат чантата.

„Ова е невидена тенденција да се оцрни не само претседателката, туку и државата Косово. Северна Македонија треба да има предвид дека ваква пропаганда се прави против претседателка која во својот мандат сама придонела за продлабочување на позитивните односи меѓу Косово и Северна Македонија“, се вели во реакцијата.

Претседателството повтори дека службениците на скопскиот аеродром се обиделе физички да ја попречат Османи и дека согласно безбедносните протоколи „косовската полиција професионално реагирала“. Претседателството ја опиша ситуацијата на аеродромот како „чиста провокација и тенденција за предизвикување инцидент“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ