недела, 20 октомври 2024

Косовскиот премиер погрешно реши математичка равенка пред новинарите (ВИДЕО)

Косовскиот премиер Албин Курти јавно им се извини на учениците бидејќи направи грешка при решавањето на математичка задача.

Фото: скриншот

Објавено на

часот

Сподели

„Ви благодарам за топлото добредојде во вашата нова училишна зграда. Но, морам да кажам дека ми е мило што сега веќе не сум ученик, бидејќи немаше да добијам преодна оценка“, напиша Курти на Фејсбук. Курти се огласи откако видеото на кое неуспешно решава задача стана вирално на социјалните мрежи.

На видеото се гледа како премиерот на Косово лежерно решава математичка равенка на таблата за време на отворањето на новото училиште во Подуево, на североистокот на Косово. Откако Курти самоуверено ја заврши математичката равенка, сите во просторијата аплаудираа, а на тоа се вклучи и министерката за образование Арберие Нагавци.

Меѓутоа, Курти дојде до погрешно решение. Неговото решение беше x=5, но всушност требаше да биде x=0, пишува Политико.

„Да размислував подолго за тоа, ќе сфатев дека точниот одговор е x=0, но во тој случај, мислам дека немаше да имам храброст да ја земам кредата и да го напишам точното решение. Се извинувам. Решението на таа равенка, како што знаете подобро од својот премиер, е x=0“, заклучи Курти.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ