сабота, 27 јули 2024

Косовскиот премиер Курти со својот советник за Македонија ги прими Таравари и Снопче

Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари заедно со пратеникот Халил Снопче во Притшина биле примени од косовскиот премиер Аљбин Курти, на која средба присутен бил и советникот за Македонија на премиерот, Беким Ќоку. Како што објави самиот Таравари, станало збор за предизвиците во двете земји.

Објавено на

часот

Сподели

„На пријателска средба, која се одржа по почитта што му беше одадена на Астри Дехар со посета на неговиот гроб (сопартиец на Курти, н.з.), се разговараше за многу актуелни и интересни теми. Предизвиците со кои се соочуваат нашите две земји се заеднички, делиме исти грижи и иста визија за нашите граѓани и целиот регион. Стана збор и за односите меѓу двете земји и нивното унапредување преку интензивирање на соработката и преку заеднички проекти.

Инфрастуртните врски се од посебно значење не само за нашите граѓани, туку и за економијата на нашите две земји. Координацијата и синхронизацијата на официјалните политики придонесува за надминување на проблемите и изнаоѓање подобри решенија“, објави Таравари.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ