При преглед во возилото „ауди А3“ со косовски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени четири лица мигранти, од кои едно од Сирија и три од Египет. А.А. бил задржан во Полициската станица Гевгелија, а мигрантите биле сместени во Прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.