петок, 13 декември 2024

Косовската претседателка во ОН: Србија од агресор се обидува да се претстави како жртва

Претседателката на Косово Вјоса Османи на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации во Њујорк изјави дека „Србија од агресор се обидува да се претстави како жртва“.

Објавено на

часот

Сподели

Излагањето на Османи почна со набројување на последиците на војната на Косово во 1998-1999 година и спомна дека имало повеќе од 13.000 жртви на таа војна, од кои, според неа, многу биле деца и старци, и продолжи дека убиените деца на Косово, во однос на бројот на жителите, биле повеќе од која било друга војна во поранешна Југославија.

„Она што го слушаме од Србија е проширување на напорите да се промовира тој акт на агресија. На денот на нападот, институциите на Косово одржаа контакт со меѓународното присуство. Ќе продолжиме да соработуваме со нашите сојузници за да се спротивставиме на ваквите акти и да спречиме да се повторат“, кажа Османи.

Косовската претседателка кажа дека определбата на Косово е да оди напред, а не назад.

„Тука сум повторно да потврдам дека сите институции на Косово не дозволуваат назадување на тешко стекнатата слобода која ја стекнавме заедно со демократиите од целиот свет, бидејќи независно и суверено Косово е најуспешната приказна во историјата на човештвото“, оцени косовската претседателка.

Особено се осврна на, како што кажа, „нападот на српската паравоена терористичка група која ја поддржува Србија во Бањска“ на 24 септември.

„Тој ден Република Косово беше мета на акт на агресија на српски терористички и паравоени групи“, кажа Османи.

Побара од Советот за безбедност на ОН „суштински гаранции во рамки на евроатлантската рамка“.

„Значи, зголемување на безбедноста на границата на Косово со Србија, носење строги мерки кон Србија како што се бара –  тоа би значело посветеност на зачувување на мирот и безбедноста во целиот регион и на целиот европски континент, тоа би значело дека демократијата не молчи пред автократските режими“, оцени Османи.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ