сабота, 27 јули 2024

Косовската претседателка: Вечно фала на НАТО, верувам дека Косово многу брзо ќе седне во НАТО покрај пријателите

Претседателката на Косово Вјоса Османи денес, на 25-годишнината од почетокот на НАТО агресијата на поранешна СР ЈУгославија, им се заблагодари на земјите членки на воениот пакт „што не ги затвориле очите на страдањата на народот на Косово во тоа време“.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа заедно со амбасадорите на западни земји акредитирани на Косово им оддаде почит на паднатите војници на НАТО за време на конфликтот на Косово и кажа дека верува дека Косово многу брзо ќе седи во тој воен пакт.

„Вечно фала на НАТО. Верувам дека Косово многу брзо ќе седи во НАТО покрај пријателите кои стоеја со нас во најтешките моменти и дека овој долг ќе се врати помагајќи им на други земји“, кажа Османи.

Според неа, 24 март се претворил во непоколебливо партнерство на Косово и „демократскиот свет“ во сојуз кој трае и денес.

„Сакам уште еднаш, во име на народот на Косово, од срце да му се заблагодарам на секој од НАТО војниците кои ги ризикуваа своите животи за да ги сочуваат нашите. Им се заблагодарувам на сите лидери на демократските држави кои не ги затвораа очите пред страдањата на народот на Косово, туку дојдоа да нè спасат, а и денес стојат со нас додека работиме на тоа нашите граѓани и пријатели да бидат горди со развојот на демократијата, заштитата на човековите права и јакнењето на меѓународниот субјективитет на Косово“, порача таа.

Амбасадорот на САД во Приштина Џефри Ховенијер напиша на платформата Икс дека денес ѝ се придружил на Османи на споменикот на НАТО војниците.

„Се сеќаваме и ги почитуваме храбрите војници кои ја дадоа крајната жртва“, напиша американскиот амбасадор.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ