вторник, 22 октомври 2024

Косовската претседателка со командантот на Кфор за мостот на Ибар: Тоа е чин на нормализација и интеграција

Претседателката на Косово Вјоса Османи во разговор со командантот на Кфор Озкан Улуташ истакна дека отворањето на мостот на Ибар е чин на нормализација и интеграција, и дека е во интерес на сите граѓани, пренесува Коссев.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Таа на состанокот го повторила ставот дека прашањето за отворање на мостот не би требало да биде тема на дијалогот со Србија, но сепак укажала на значењето на консултациите и координацијата меѓу приштинските институции и „безбедносните партнери“, односно НАТО.

Османи по повод состанокот со командантот на Кфор се огласи и на Фејсбук, оценувајќи дека „заедно со сојузниците се постигнува траен успех“.

„Отворањето на мостот како чин на нормализација и интеграција е во интерес на сите граѓани, без оглед на етничката припадност. Долгорочен и одржлив успех секогаш се постигнува заедно со сојузниците“, порача Османи.

Кфор повеќе пати соопшти дека е неопходно сите актери да се воздржат од еднострани акции кои можат да создадат тензии, како и дека таа мисија нема да се колеба да реагира на кој било релевантен безбедносен развој, во согласност со мандатот врз основа на Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН.

На отворањето на мостот во Косовска Митровица, освен Кфор, се противат САД, ЕУ, Германија Франција и Италија, како и ОБСЕ, кои сметаат дека тоа прашање треба да биде дел од дијалогот меѓу Белград и Приштина.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ