недела, 19 мај 2024

Косовската претседателка ги отфрли тврдењата за етничко чистење на Србите на Косово

Претседателката на Косово Вјоса Османи ги отфрли на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации за Косово како лежни и неосновани тврдењата на српскиот претседател Александар Вучиќ за етничко чистење на Србите на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

„Овие наративи се дискредитирани од Хелсиншкиот одбор до Европскиот парламент. Државата Косово не само што ги штити, туку и ги промовира правата на Србите и сите други заедници“, кажа Османи.

Според неа, Косово има напредно ниво на владеење на правото и заштита на заедниците и „фанатично ќе ја брани мултиетничноста“.

Таа додаде дека Косово е меѓу земјите кои се најмногу проевропски и проамерикански ориентирани во целиот свет и дека меѓу првите ѝ пружило поддршка на Украина.

Османи оцени дека косовските Срби имаат застапеност во сите социјални сфери.

„Српскиот јазик се користи во сите јавни институции низ Косово. Православните цркви имаат посебна заштита од државата Косово. Освен некои изолирани инциденти, не постои етнички мотив против православните цркви“, оцени таа.

Како конкретни потези со кои Приштина создава неподносливи услови за живот на Србите, српскиот претседател Александар Вучиќ ја наведе нелегалната експропријација на земјиштето, оневозможување на слободата на движењето за Србите со „бесмислени сопирања и понижувања“, арбитрарни апсења на десетици истакнати Срби, одредување долги притвори на уапсените и речиси постојано присуство на оклопни возила во урбаните средини“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ