понеделник, 21 октомври 2024

Косовската полиција привела четири српски момчиња во Северна Митровица: „Бруталноста на режимот на Курти стана секојдневие“

На четворицата момчиња, кои синоќа биле приведени во Северна Митровица поради напад на службено лице, им е одреден притвор, потврди косовската полиција.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Се додава дека полнолетните момчиња биле приведени откако навредувале и нападнале двајца полицајци од кои едниот добил повреди, и дека потоа се оддалечиле од лице место.

„Полициските едници успеале да ги уапсат осомничените. Осомничените се одведени во полициска станица, а потоа на лекарски преглед. Истите биле под дејство на алкохол, што е потврдено со мерење, при што се покажало дека тројца од нив се под влијание на алкохол“, се наведува во соопштението.

Меѓутоа, политички активисти од Северна Митровица на социјалните мрежи објавија видео снимка од приведувањето на момчињата, со коментар дека косовската полиција употребила прекумерна сила, односно дека полицајците Албанци ги тепале младите Срби.

Реагираше и Српска листа, најголемата партија на Србите на Косово, со тврдење дека „бруталноста на косовската полиција кон Србите во режија не премиерот Аљбин Курти стана секојдневие на северот на Косово“.

„Не е прв пат да постојат јасни докази за бруталноста на послушниците на Курти, а да нема никаква контрола на косовски инспекторат, ниту реакција на меѓународните претставници на институционалната репресија над српскиот народ“, се истакнува.

Во меѓувреме Канцеларијата за Косово и Метохија на српската влада оцени дека „бруталното приведување и претепување на српските момчиња од страна на косовската полиција е огледало на антисрпската политика и репресијата и тортурата кои секој ден ги трпат и доживуваат Србите од северот на Косово“.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ