среда, 23 октомври 2024

Косовската полиција ги затвори објектите на српската пошта на северот

Косовската полиција во понеделник затвори девет објекти на Пошта на Србија на северот на Косово.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Заменик директорот на косовската полиција за северниот регион Ветон Ељшани изјави дека се затворени три објекти на Пошта на Србија во Северна Митровица, три во општината Лепосавиќ, два во Звечан и еден во Зубин Поток.

Работник на поштата во Звечан кажал дека полицијата го блокирала влезот во објектот, по што никој повеќе не можел да влезе. Според него, за време на акцијата службениците проверувале документи.

Ељшани изјави дека акцијата почната по информации добиени од страна на Регулаторниот орган за електронски и поштенски комуникации дека стопански оператори работат на територијата на Косово без дозвола и без регистрација во Агенцијата за деловни регистри на Косово.

„Информацијата се покажа како точна, по што полицијата постапи по овластувања од државниот обвините“, кажа Ељшани.

Српска листа, најголемата партија на Србите на Косово, ја осуди акцијата на косовската полиција со оценка дека ги „крши договорите постигнати во Брисел во 2015 година под покровителство на Европската Унија“.

„Со тоа се поништуваат целиот дијалог и неговото значење а ЕИ го уништува својот и онака слаб авторитет и углед кој го има во очите на српскиот народ“, се наведува во соопштението.

Се додава дека укинувањето на поштенските услуги по укинувањето на динарот „претставува најтешкиот удар за функционирањето на српските институции и пружањето услуги на граѓаните во тој регион“.

Директорот на Канцеларијата за Косово на српската влада Петар Петковиќ акцијата на косовската полиција ја нарече незаконска, а косовскиот премиер Аљбин Курти го обвини дека со ова „директно провоцира воен конфликт“.

„Очигледно е дека сака да предизвика судири на теренот по секоја цена, и тоа пред очите на меѓународната заедница“, истакна Петковиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ