сабота, 27 јули 2024

Косово за четири години го напуштиле 156.000 жители

Министерството за внатрешни работи на Косово соопшти дека за четири години, од 2018 до 2022 година, Косово го напуштила 156.080 луѓе.

Објавено на

часот

Сподели

„Билансот на меѓународната емиграција, нето миграцијата, на Косово за 2022 година бил 30.889 жители, или 1,75 отсто од постојаното население. За периодот од 2018 до 2022, се проценува дека Косово го напуштиле 156.080 жители, или околу 8,85 отсто од населението на земјата“, се наведува во соопштението, пренесуваат приштинските медиуми.

Во периодот од 2020 до 2022 година, 26.329 жители емигрирале на Косово, додека од Косово емигрирале повеќе од 93.000 жители.

„На денот 1 април 2011 година се проценува дека 703.978 жители живеат во странство, на крајот на 2022 година се проценува дека во странство се повеќе од 949.719 жители или 53,89 отсто од населението на Косово“, според податоците на косовската полиција.

Како што пишува Репортери, на Косово му се заканува уште поголема миграција по либерализацијата на визите, од 1 јануари оваа година.

Портпаролката на приштинскиот аеродром Валентина Гара вчера соопшти дека за само една недела повеќе од 83.000 луѓе патувале преку приштинскиот аеродром „Адем Јашари“ надвор од Косово, вклучувајќи ги и емигрантите кои дошле за новогодишните празници.

Наведе дека во текот на првата недела од јануари се извршени 62 летови од приштинскиот аеродром.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ