сабота, 27 јули 2024

Косово: Повеќе повредени во судири на граѓаните и Кфор во Звечан (ВИДЕО)

Објавено на

часот

Сподели

Во судирот се користени солзавец и шок-бомби, додека демонстратите возвратиле со камења, шишиња и други предмети.

Локалните медиуми јавија дека од клиничкиот болнички центар Косовска Митровица не добиле точен број на примените, ниту за какви повреди станува збор. Единствено потврдиле дека сè уште примаат повредени.

Меѓу повредените е и известувачот на Танјуг.

Коссев наведува дека граѓаните кои се судриле со Кфор се повлекле сè до такси станицата во Звечан.

Косовската полиција претходно утринава фрлила солзавец на вработените во општина Звечан кои во повеќе наврати се обиделе да влезат во зградата, а во неа претходно ги пропуштиле војниците на Кфор.

Во петокот, по обидите на граѓаните од северот на Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до судири, во кои полицијата употреби солзавец, димни и шок бомби.

Повредени се повеќе косовски срби, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив внесе албански градоначалници, кои победија на неодамна одржаните избори, на кои излегоа само 3,4 отсто од гласачите.

Изборите, кои ги бојкотираа српските политички претставници на Косово на крајот на април ги организираше Приштина, откако во ноември минатата година Србите ги напуштија косовските институции.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ