сабота, 21 декември 2024

Косово потпиша безбедносен договор со САД, чекор поблиску до НАТО?

Објавено на

часот

Сподели

Како што изјави косовскиот премиер, овој договор се однесува на реагирањето на двете страни во случај на истекување информации, начинот на располагање со доверливите информации како и праксата на нивното делење на овластените лица, пренесува Коха.

Ховенијер изјави дека овој договор ја унапредува способноста на Косово да ги заштити, како што кажа, суверенитетот и територијалниот интегритет, преку размената на информации со Соединетите Американски Држави.

Во своето обраќање по потпишувањето на договорот, американскиот амбасадор кажа дека договорот ја промовира и „заедничката цел на Вашингтон и Приштина, успешно да се развијат Косовските безбедносни сили во професионални и мултиетнички сили на територијалната одбрана според стандардите на НАТО“, се наведува на сајтот на американската амбасада во Приштина.

„Договорот директно ја поддржува нашата цел за целосна интеграција на Косово во евроатлантските безбедносни структури“, кажа Ховенијер.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ