сабота, 27 јули 2024

Косово го исфрла српскиот динар од промет

Белград и Приштина се пред нов предизвик во дијалогот за нормализација на односите по одлуката на косовската централна банка дека од 1 февруари единствена дозволена валута на Косово ќе биде еврото, со што динарот се исклучува од платниот промет во мнозински српските општини.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Платниот промет на Србија во континуитет функционира на Косово и по конфликтот во 1999 во мнозински српските средини, а динарите со посредство на Трезорот на Србија се во оптек во трговијата, српските институции, угостителството и останатите приватни услужни дејности.

Српскиот претседател Александар Вучиќ оцени дека најавата на Приштина за укинување на платниот промет со Србија претставува обид за укинување на дијалогот на Белград и Приштина и прогон на српскиот народ од Косово. Истакна уверување дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

Според соопштението на косовската централна банка „единствена валута дозволена за вршење на готовинските платни трансакции – во готовина во платежниот систем во Република Косово е еврото“. Се додава дека еврото, според косовскиот устав и законот за централната банка, ќе биде единствена валута во сите готовински плаќања. Други валути може да се користат за меѓународно плаќање или за девизни активности.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ