сабота, 27 јули 2024

Косово денес го укинува динарот, Белград е гневен

Косовските функционери потврдија дека од 1 февруари почнува примената на уредбата на централната банка на Косово која предвидува готовински плаќања и платен промет исклучиво во евра, со преоден период за граѓаните да се прилагодат на уредбата.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Според претходната објава на централната банка единствената дозволена валута на Косово ќе биде еврото, со што динарот се исклучува од платниот промет.

Таа одлука во пракса значи забрана за употребата на динарот, официјалната валута на Србија која досега се користеше во сите српски општини на Косово.

Платниот промет на Србија во континуитет функционира на Косово и по конфликтот во 1999 во мнозински српските средини, а динарите со посредство на Трезорот на Србија се во оптек во трговијата, српските институции и останатите приватни услужни дејности.

Белград во меѓувреме ги обвини властите во Приштина дека со таа одлука се обидуваат да го укинат дијалогот и да го протераат српскиот народ од Косово, а претседателот Александар Вучиќ е уверен дека меѓународната заедница нема да го дозволи тоа.

Тој побара од Европската Унија и меѓународната заедница притисок врз Приштина да ја повлече одлуката, а во меѓувреме синоќа се сретна со амбасадорите на петте западни земји – САД, Британија, Италија, Германија и Франција. Но по состанокот беше објавено дека „нема да има никакво соопштение.

„Секој формален збор би бил вишок“, порача кабинетот на Вучиќ.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ