среда, 11 декември 2024

Косовец баран со потерница заради учество во странска војска приведен во Танушевци

Во атарот на селото Танушевци вчера било приведено 29-годишно лице од Косово, барано со потерница за учество во странска војска, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

Објавено на

часот

Сподели

„Во атар на селото Танушевци, вчера од страна на полициски службеници од Одделот за специјални операции при Бирото за јавна безбедност, од полициски хеликоптер, било забележано лице како се движи со крос мотор од село Арачиново кон Косово. Полициски службеници од СВР Скопје му дале знак за запирање, но, лицето не запрело, по што се преземени дополнителни мерки и активности и тоа е запрено и лишено од слобода“, се наведува во соопштението од МВР.

Утврдено било дека станува збор за 29-годишниот Б.С. од Витина и оти за него е распишана меѓународна потерница од Косово, поради кривично дело учество во странска војска.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ