сабота, 27 јули 2024

Косовци со мигранти во ноќно бегство од полицијата од Гевгелија сѐ до Демир Капија

Косовски државјани со комбе превезувале девет мигранти. Откако полицијата ги забележала кај Гевгелија, тие се дале во бегство по автопатот. Тогаш се појавило друго возило од Косово кое ги попречувало полициските возила да ги сопрат. Потерата завршила успешно за полицијата кај Демир Капија. 

Објавено на

часот

Сподели

„Денеска во 3.25 часот на автопатот Гевгелија – Скопје, кај клучка Демир Капија, во координирана акција на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово и Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица, при Регионален центар за гранични работи Југ, од слобода биле лишени Р.О.(21), Б.Ц.(26) и К.Ф.(26), сите од Косово.

Во 3.05 часот во близина на Гевгелија, при преземање службени дејствија, полициски службеници забележале како во комбе марка форд со косовски национални ознаки, кое го управувал Р.О., влегуваат повеќе лица мигранти. На даден знак за запирање, возилото  продолжило со движење и при преземањето на дополнителни мерки за негово сопирање, патничко возило фолксваген тигуан со косовски национални ознаки, во кое биле Б.Ц. и К.Ф.,  на автопатот ги попречувало службените полициски возила. По тунелот Јаворица од возилото форд излегле лица мигранти, а возилата продолжиле со движење.

Од страна на полициски службеници на местото биле затекнати девет мигранти од Сирија, кои потоа се пренесени во Прифатен центар за странци во Скопје, а набргу, кај клучка Демир Капија, двете возила биле запрени и лицата во нив биле приведени и задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопшти МВР.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ