петок, 18 октомври 2024

Косовците со српска лична карта ќе можат да работат во Македонија исто како Македонците

Српскиот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ изјави дека сите граѓани на Косово, како составен дел на Србија, без разлика на националноста, доколку имаат српска лична карта, можат да ги користат поволностите од договорот во рамките на Отврен Балкан.

 

Објавено на

часот

Сподели

Како што јави дописникот на МИА од Белград, Весиќ појаснил дека Косово и Метохија е составен дел на Србија и сите граѓани на тој дел од земјата, без разлика на националноста, се државјани на Србија и можат да ги искористат сите предности од договорот што Србија го потпиша со Македонија и Албанија и дека секој што има српска лична карта може да добие идентификационен број и да работи во двете држави без никакви дополнителни документи.

„Секој граѓанин на Србија, кој живее на Косово, со српска лична карта, може да ги искористи сите предности на нашата регионална интеграција. Ова важи и за Албин Курти. Доволно е, ако нема, да извади личната карта, а еден ден, кога не ќе е премиер, ќе може да работи во Тирана, без никакви пречки“, изјавил Весиќ за Косово онлајн.

Тој потсетил дека суштината на „Отворениот Балкан“ е да се отстранат сите пречки за да се воспостави слободен проток на луѓе, стоки и капитал и забележал дека тоа е токму спротивното од она што го прави владата во Приштина на чело со премиерот Албин Курти.

Тој посочил дека една од најважните работи во неговиот ресор, а во рамките на „Отворен Балкан“, е системот на интегрирана наплата, кој од минатата година успешно функционира меѓу Србија и Македонија.

Весиќ додал дека се работи и на воспоставување зелени коридори, за камионите од овие три земји да можат непречено да минуваат од една во друга, преку посебни коридори, со што се елиминираат дополнителните трошоци и се овозможува подобра соработка.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ