сабота, 21 декември 2024

Кошмарот на Погба завршува, но почнува оној на Јувентус

Пол Погба издвојува важна победа пред Судот за Спортска Арбитража и ќе се врати на терените на почетокот од следната година, но ова му создава мака на Јувентус и „старата дама“ сега ќе се обиде да го раскине договорот на Французинот.

Објавено на

часот

Сподели

Пол Погба беше суспендиран на 4 години откако падна на допинг тест, но фудбалерот од средниот ред издвојува важна победа пред Судот за Спортска Арбитража, па суспензијата му беше намалена на 18 месеци.

Французинот сега ќе може да почне да тренира во јануари 2025, и да се врати на терените во март месец.

И додека полека завршува кошмарот на Пол Погба, почнува оној на Јувентус. „Старата дама“ во моментов му плаќа само 2.000 евра месечно, а од март месец ќе биде принудена во целост да ја исплаќа неговата плата која е речиси 11 милиони евра по сезона, или околу 900.000 евра месечно.

Па раководството на Јувентус ќе се обиде да го раскине договорот на Французинот и да постигнат согласност зa предвремен прекин на соработката.

Останува да се види под кои услови двете страни ќе се разделат, но се очекува Пол Погба да не го носи дресот на „бјанконерите“ кога повторно ќе истрча на терените следната година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ