сабота, 19 октомври 2024

Кошмарна ноќ за новото засилување на Наполи: Му впериле пиштол во глава и му одзеле часовник

Давид Нерес синоќа беше еден од хероите на Наполи и пресвртот во финишот за победа против Парма, но ноќта се претворила во кошмар, Бразилецот бил ограбен на пат кон хотелот.

Објавено на

часот

Сподели

Наполи пред десетина дена го комплетираше трансферот на Давид Нерес вреден околу 28 милиони евра.

Бразилецот добро ја започна авантурата на југот на Италија, веднаш забележа асистенција во дебито против Болоња, а и синоќа беше еден од хероите, неговата нафрлена топка во 96. минута беше претворена во 2-1 и триумф над Парма.

Но Давид Нерес не успеал да се израдува на новите три бода, на пад од стадионот кон хотелот, комбето во кое се превезувал заедно со сопругата, било пресретнато од две лица на мотор.

Разбојниците го искршиле стаклото, му впериле пиштол во глава на Давид Нерес и му одзеле часовник, кој се проценува на околу 100.000 евра.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ