сабота, 27 јули 2024

Кошаркарите на Куманово имале сообраќајна несреќа, мечот со Струмица е одложен за утре

Објавено на

часот

Сподели

Комбето со кое патувале кошаркарите на Куманово кон Струмица, имало незгода, му пукнала гума по што возачот изгубил контрола на возилото кое завршило во банкината.

За среќа инцидентот поминал без последици, нема повредени во таборот на кумановци, тимот по оваа несреќа се вратил назад.

Натпреварот кој требаше да се игра денеска, ќе биде одигран утре со почеток од 16:30 часот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ