сабота, 13 април 2024

Кошаркарите ги добија противниците во квалификациската група за ЕП 2025

Објавено на

часот

Сподели

Се чини дека македонските кошаркари повторно главна битка ќе водат со Естонија за пласман на Евробаскетот. Во минатите квалификации Естонците беа поуспешни од нас.

Литванија е главен фаворит во групата, а Полска има загарантиран пласман бидејќи е еден од организаторите на континенталниот собир.

Три од четирите репрезентации се пласираат на Евробаскетот, а тоа веројатно ќе значи дека главната борба ќе ја водиме против Естонија.

Во квалификациите ќе играат 32 селекции поделени во осум групи, по три репрезентации од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство.

Мечевите се играат во три прозорци, во период меѓу 19 и 27 февруари 2024, 18 и 26 ноември 2024 и 17 и 25 февруари 2025 година.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ