Се чини дека македонските кошаркари повторно главна битка ќе водат со Естонија за пласман на Евробаскетот. Во минатите квалификации Естонците беа поуспешни од нас.
Литванија е главен фаворит во групата, а Полска има загарантиран пласман бидејќи е еден од организаторите на континенталниот собир.
Три од четирите репрезентации се пласираат на Евробаскетот, а тоа веројатно ќе значи дека главната борба ќе ја водиме против Естонија.
Во квалификациите ќе играат 32 селекции поделени во осум групи, по три репрезентации од секоја група ќе изборат пласман на Европското првенство.
Мечевите се играат во три прозорци, во период меѓу 19 и 27 февруари 2024, 18 и 26 ноември 2024 и 17 и 25 февруари 2025 година.