четврток, 13 март 2025

Корупциски скандал во Брисел, се сомнева дека Хуавеј поткупувал европратеници

Кинескиот технолошки џин Хуавеј е во центарот на нов случај на корупција во Брисел. Денес белгиската полиција ги пребарувала домовите на негови лобисти, откриваат Фолоу д мани и неговите медиумски партнери Ле соар и Нек.

Фото: ЕПА

Објавено на

часот

Сподели

Властите се сомневаат дека лобистите на Хуавеј им платиле мито на пратеници во Европскиот парламент во замена за поддршка на нивната цел во Европската Унија. Околу 15 поранешни и сегашни пратеници се „на радарот“ на истражителите, се наведува.

Во раните утрински часови белгиската сојузна полиција го пребарала седиштето на Хуавеј во ЕУ и домовите на лобистите на кинеската технолошка компанија поради сомнеж за поткупување, фалсификување, перење пари и криминално здружување, кажале извори блиски на истрагата за Фолоу д мани и белгиските медиуми Ле соар и нек.

Вкупно се пребарани 21 локација во Брисел, Фландрија, Валонија и Португалија, како дел од опсе

Ната истрага за корупција. запленети се документи и предмети, но не е спроведено пребарување во Европскиот парламент.

Полицијата барала докази дека претставници на кинеската компанија го прекршиле законот при лобирањето кај пратениците во Европскиот парламент, кажале изворите. Утринските рации биле дел од тајна полициска истрага која почнала пред околу две години по дојава на белгиската тајна служба.

Според еден извор близок до случајот, „околу петнаесет (поранешни) пратеници се на радарот“ на истражителите. За актуелните пратеници, белгиските обвинители мора да побараат од Европскиот парламент да го укине нивниот имунитет за да можат понатаму да истражуваат. Такво барање сè уште не е поднесено, кажале изворите.

Канцеларијата на белгискиот сојузен обвинител потврди дека се испрашани неколку лица. Ќе бидат сослушани за нивната наводна вмешаност во праската за поткупување во Европскиот парламент и фалсификувањето и користењето фалсификувани документи. Се претпоставува дека делата се извршени во криминална организација.

Истрагата, наречена „Операција Генерација“, потсетува на корупцискиот скандал Катаргејт, наведува Фолоу д мани. Во декември 2022 полицијата нашла торби со кеш во домовите на неколку поранешни пратеници, за кои се сомнева дека земале мито од Катар и Мароко за да ги промовираат интересите на тие земји во Брисел.

Истражителите се сомневаат дека лобистите на Хуавеј можеби извршиле слични злосторства потпкупувајќи пратеници со скапи влезници за фудбал, раскошни подароци, луксузни патувања во Кина па дури и со кеш за да ја обезбедат нивната поддршка за компанијата додека се соочувала со отпор во Европа. Наводно плаќањата на еден или неколку пратеници минале низ португалска компанија, кажал изворот.

Неколку земји од Европската Унија во последните години преземаа мерки за ограничување или забрана на добавувачи „со висок ризик“ како Хуавеј од своите 5Г мрежи, по предупредувањата од Соединетите Американски Држави и Европската комисија дека опремата на компанијата може да се користи за шпионирање од страна на Пекинг. Хуавеј остро ги отфрли тврдењата за вмешаност на кинеската влада.

Можната вмешаност на Хуавеј исто така ќе биде дел од истрагата, кажале упатени извори. Властите истражуваат сомнителни кривични дела вклучувајќи криминално здружување и перење пари, но во оваа фаза не и странско мешање на Кина.

Истрагата доаѓа во критичен момент на односите на ЕУ со Кина, нејзиниот втор најголем трговски партнер. Неодамнешните закани и царини на американскиот претседател Доналд Трамп се прилика за зближување на ЕУ и Пекинг по годините на ескалација на тензиите.

„Би можеле дури да ги прошириме трговските и инвестициските врски со Кина“, кажа претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лаен пред амбасадорите на ЕУ минатиот месец.

Истрагата на белгиската полиција затоа ризикува да има големи геополитички последици, особено ако властите го обвинат Хуавеј заедно со поединечните осомничени.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ