петок, 18 октомври 2024

Короната е во пораст, Комисијата за заразни болести препорачува внимателност и вакцинирање

Комисијата за заразни болести на последниот состанок констатира дека има зголемување на бројот на позитивни случаи на ковид-19 во однос од минатата недела и по тој повод ги потсетува граѓаните да ги почитуваат општите мерки за превенција од респираторни инфекции: да се избегнува групирање и подолг престој во затворени простории, редовно проветрување на просториите, почесто миење раце и избегнување близок контакт со заболени лица. „За потсетување, вакцинацијата е најефикасен начин за заштита од тежок облик на болеста“, велат од комисијата.

Објавено на

часот

Сподели

Во соопштението по состанокот се вели дека комисијата ја реафирмира препораката дека тестирање за ковид не е услов за прием во здравствена установа.
„За ковид треба да се тестира исклучиво според индикација, одсносно доколку пациентот има симптоми карактеристични за ковид“, велат од комисијата.
Од комисијата нагласуваат дека пациентите треба да се лекуваат од основната болест и во соодветната здравствена установа, дури и ако се ковид позитивни, со тоа што здравствената установа треба да обезбеди услови за минимизирање на опасноста од ширење на болеста на другите пациенти и на персоналот со изолирање на позитивните пациенти. Комисијата за заразни болести внимателно ја следи состојбата и во зависност од промените ќе донесе соодветни препораки“, се вели во соотението на Комисијата за заразни болести.
ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ