сабота, 27 јули 2024

Објавено на

часот

Сподели

КОЛУМНА

Коридорот 8 и злоупотреба на службената должност

Член 353 од Кривичниот законик е јасен и гласен: Злоупотреба на службената положба и овластување.
(1) Службено лице кое со искористување на својата службена положба или овластување, со
пречекорување на границите на своето службено овластување или со неизвршување на
својата службена должност ќе прибави за себе или друг некаква корист или на друг ќе му
нанесе штета, ќе се казни со затвор од шест месеци до три години.
(5) Ако делото е сторено при вршење јавни набавки или на штета на средствата од Буџетот на
Република Македонја, од јавните фондови или од други средства на државта, сторителот
ќе се казни со затвор од најмалку пет години.

Дали тие што го потпишале договорот со Бехтел и Енка го сториле оваа кривично дело?
Јавноста може само да шпекулира, бидејќи договорот сѐ уште не е достапен на граѓаните.
Граѓаните согласно Уставот се единствениот суверен во оваа држава. Во Македонија не постои
ниту една институција повисока од граѓаните. Тоа не е ниту престедателот на државата, ниту
Собранието, а најмалку Владата на Македонија. Со криење на договорот со Бехтел и Енка од
граѓаните, Владата најверојатно прави уште неколку кривични дела кои ќе ги разгледаме во
наредниот период.
Да се вратиме на делото за „злоупотреба на службената положба и овластување“. Во моментот тоа
што се знае од медиумите, е дека Владата потпишала договор во кој постојат членови кои се
спротивни на законите и Уставот во Македонија.
Прво, членови со кои се предвидува загрозување на човековите основни права при работа.
Второ, членови со кои се овозможува загрозување на заштитата на човековата околина.
Трето, членови со кои се овозможува загрозување на заштитата на културното наследство на
Македонија.
Четврто, можноста да се добие дозвола за градба без комплетен и ревидиран градежен проект.
Петто…
Доколку во договорот со Бехтел и Енка има само еден член со содржина слична на горе
наведените, тоа е доволно, Јавното обвинителство да покрене постапка за утврдување на
можноста на постоење на кривично дело за злоупотреба на службената положба и овластување.
Имајќи ја предвид и вредноста на договорот (најмалку 1,3 милјарди евра), тоа значи дека е
можно да се нанесе и значителна штета, што е уште еден момент поради кој Јавното
обвинителство треба да реагира веднаш. Во спротивно, доколку во иднина дојде до таква штета,
за оваа кривично дело ќе треба да одговараат и службените лица во Јавното обвинителство.

Од друга страна, согласно Законот за облигациони односи, доколку во договорот има членови кои
не се во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи, тој е ништавен.
Еве што вели Законот за облигациони односи:
Член 43
(1) Секоја договорна обврска мора да има дозволена основа.
(2) Основот е дозволен ако е во согласност со Уставот, законите и добрите обичаи.
(3) Се претпоставува дека обврската има основа иако не е изразена.
Член 44
Ако основот не постои или не е дозволен, договорт е ништовен.
Законите се јасни. На ред се обвинителите и судиите. Но бидејки само 4% од граѓните им веруваат,
оваа прашање ќе мора да го решат останатите 96% кои не им веруваат.
Секој граѓанин треба да знае дека овој договор ја носи Македонија во должничка криза од која
враќање нема.
Инвестирањето на најмалку две милијарди евра во автопат на коридорот 8 е армагедон за
Македонија.
Со тие пари може да се изградат експресни патишта до секој град и локални патишта до секое
село во Македонија и да се изврши комплетна реконструкција и санација на автопатот на
коридорот 10. Тоа би била стратешка и државничка одлука на секој политичар на кој државата му
е помила од неговиот паричник. Да не зборуваме дека таков проект во целост би го реалзирале
домашните градежни компании и пропратната индустрија.
Инвестирањето на две милјарди евра во таков проект би бил вистински „Маршалов план“ за
Македонија.
Наместо млитави, јалови и небитни дебати на политичарите, експертите од областа на уставното и
кривичното право и облигационите односи, треба да седнат и сериозно да ги разгледат сите
аспекти на овој договор и на граѓаните да им понудат правна основа за спречување на оваа зло.
Македонија е на раскрсницата на патиштата кон пеколот и рајот. Владата го запалила зеленото
светло кон пеколот. Македонските граѓани не смеат да тргнат по тој пат. Затоа, секој поединец
треба да даде дел од себе, за да го запалиме зеленото светло кон вистинскиот пат. Тоа е наша
обврска према претходните, а уште повеќе према идните генерации.

                                                                                                                                               Ангел Наков

КОЛУМНИ

Ристо Цицонков

Тoплински острови во градовите

Дарко Митревски

Да не се лажеме

Стефан Вељановски

Зошто треба да инвестираме повеќе во жените од руралните подрачја?

Бојан Блажевски

Чечичен молк: Долг е патот до автопат

Наташа Јаневска

Пет проценти од буџетот на државата за образованието е клучот за...

Шанг-Јин Веи

Дaли атентатот ќе му донесе победа на Трамп?

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ