сабота, 27 јули 2024
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ од Градско

Коридорите се и во нашата програма, но не со пенали од 200 милиони евра, изјави Мицкоски

Објавено на

часот

Сподели

„Да, за тоа сме против и за тоа ќе има одговорност“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е обвинувана од власта дека води хајка против коридорот 8 и наглаи дека тој е против во услови на арбитража и спор со фирмата изведувач, македонското законодавство да биде суспендирано и да важи законодавството на Англија и Велс, кое што по својата природа е различно од македонското.

„Против сме кога ќе се трошат буџетски пари, пари од граѓаните, да се суспендира Законот за јавни набавки, како што тоа го бара владата на ДУИ поддржана од помалиот партнер СДСМ“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека исто така ВМРО-ДПМНЕ е против да се гради овој голем проект без да биде извадено одобрение за градба, против е да се наплаќаат цени за асфалт, за бетон, за расчистување на терен два до три пати поголеми од тие кои што се пазарни и дивоградбите да се експроприраат по цена која што е иста како и легалните градби. 

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ