недела, 20 октомври 2024

Коперник: Летото 2024 година е најтоплото во историјата

Летото 2024 година ги собори глобалните рекорди за топлина втора година по ред, што го прави веројатно најтоплото откако се бележат податоците, соопшти европската служба за климатски промени Коперник (ЦЗС).

Илустрација: Пиксабеј

Објавено на

часот

Сподели

Коперник почнал да ги бележи временските услови во 1940 година, а научниците ги користеле тие датотеки за да потврдат дека летото на северната хемисфера, од јуни до август, било најтопло од прединдустрискиот период од 1850 година.

„Во текот на изминатите три месеци, светот се соочи со најтоплите јуни и август, најтоплиот ден во историјата и најтоплото бореално лето“, рече заменик директорката на ЦСЗ, Саманта Бурџис.

Таа посочи дека екстремните временски услови ќе станат уште поинтензивни доколку земјите не ги намалат емисиите на гасови кои ја загреваат планетата, пренесува Ројтерс.

Променливата клима продолжува да предизвикува катастрофи ова лето, при што поплавите предизвикани од обилните дождови во Судан минатиот месец погодија повеќе од 300.000 луѓе и придонесоа за ширење на колерата во земјата разурната од војна.

Научниците исто така потврдија дека климатските промени предизвикуваат суша на италијанските острови Сицилија и Сардинија и дека го засилиле тајфунот Гаеми, кој во јули помина низ Филипините, Тајван и Кина, при што загинаа повеќе од сто луѓе.

Климатските промени предизвикани од човекот и природниот временски феномен Ел Нињо, кој ги загрева површинските води во источниот Тихи Океан, доведоа до рекордно високи температури на почетокот на оваа година.

Коперник рече дека подпросечните температури во екваторијалниот Пацифик минатиот месец укажуваат на транзиција кон Ла Ниња, постудениот пандан на Ел Нињо, но и покрај тоа, рекордно високи температури се забележани во различни делови на светот.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ