недела, 12 јануари 2025
Холандскиот амбасадор со став

Коп: ЕУ чека на Македонија, можевте реформите да ги направите и пред 15 години

Објавено на

часот

Сподели

Амбасадорот вели дека и без уставни измени реформи може и треба да се спроведуваат и додава дека во земјава изговорот е дека така не се стигнува до втората фаза, до преговарачката рамка иако, нагласува, сите неопходни преговори може да се реализираат, без рамката, додуша, малку покомпликувано.

„Фокусирајте се на реформите. Целта треба да ви биде влез во ЕУ, а тоа може да се случи за неколку години кога ќе ги исполните условите. И, ако до тогаш не го смените Уставот, тогаш ќе мора секако да го смените за да се внесат сите промени во новата рамка на денот кога вашето знаме ќе биде поставено до нашето во Брисел“, рече амбасадорот.

На прашањето на новинарот дека Македонија премногу чека, дека ѝ се поставуваат нови услови, а како резултат на тоа се зголемува евроскептицизмот, што значи и зголемено влијание на трети земји, амбасадорот одговори категорично:

„Ние чекаме предолго на вас. Затоа што неопходните реформи можеа да бидат направени пред 10-15 години, а не беа направени. Неиздржано е да се зборува за евроскептицизмот од тој асепкт, дури е и навредливо, зашто после 20 до 30 годоини поддршка за да влезете во ЕУ, прашањето е каде се милијардите, каде се и што се случи со обуките што ги спроведувавме? Зошто сите нови правила и регулативи не се правилно имплементгирани? Дали е тоа прашање на менталитетот? Можеби се сеќавате, наши даночни обврзници ги платија вакцините за коронавирусот за Западен Балкан. Европската комисија пред неколку месеци даде дополни 200 милиони евра за Владата на Северна Македпнкија поради високите цени на енергенсите и инфлацијата иако и нашите даночни обврзници беа соочени со истиот енергетски проблем и високите цени. Слушам кога се вели дека повеќе пари даваме за Бугарија, Романија, Грција, а не за земјите од Западен Балкан… Па да одговорам вака: Дали вие треба џепарлак да давате за своите деца или и за децата на соседите и тоа во ист износ? Смешно е. А што се однесува до проблемот со третите земји, тоа не е изразен толку многу во вашата земја. Вистинскиот проблем е што луѓето немаат доверба во институциите. Таа доверба е десет пати помала во споредба со земјите од ЕУ. Луѓе се жалат на судовите, обвинителството, полицијата… Добиваме писма и мејлови. Па ние не сме слепи“, рече амбасадорот на Холандија Дирк Јан Коп.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ