На состанокот присуствувале министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, министерот за здравство, Арбен Таравари, директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, Сашо Клековски, директор на Фонд за здравство како и претставници на сите надлежни институции.
„Во фокусот на состанокот беа практичките и техничките аспекти поврзани со враќањето на пациентите кои успешно ја завршиле фазата на болничко лекување, како и на нивните семејства, со цел процесот да биде реализиран навремено и координирано“, соопштија од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Меѓуресорската координација, се најавува во соопштението, ќе продолжи и во наредниот период, при што внимателно ќе се следи состојбата на пациентите, а институциите, како и досега, ќе постапуваат усогласено и одговорно.