сабота, 27 јули 2024

Конвојот на ОН нападнат во Газа беше јасно обележан

Обединетите нации (ОН) соопштија дека конвојот на таа светска организација што беше нападнат во градот Рафа на југот на Појасот Газа, кога еден вработен странец, припадник на обезбедувањето, беше убиен, а друг беше полесно ранет, беше јасно обележан.

Епа

Објавено на

часот

Сподели

Заменик-портпаролот на ОН, Фархан Кан изјави дека вработениот убиен во нападот утринава е првиот странец од организацијата кој загинал од почетокот на војната во Газа на 7 октомври минатата година.

Околу 190 вработени на ОН беа убиени во војната, сите Палестинци, работеа главно во палестинската агенција за бегалци УНРВА, рече Хак.

Тој додаде дека сите вработени, чија националност не ја откри, биле во возило означено со ознака на ОН во конвојот кој бил погоден додека се движел кон Европската болница во Рафа.

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги осудува сите напади врз персоналот на ОН и повикува на целосна истрага, изјави портпаролот.

Шефот на ОН изјави дека во седуммесечната војна загинале не само многу цивили, туку и хуманитарни работници и го повтори апелот за итен хуманитарен прекин на огнот и ослободување на сите заложници киднапирани од Хамас.

ТОП ВЕСТИ

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ